Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со Нертил Јоле префект на Округот Корча

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска во просторите на Округот Корча оствари средба со Нертил Јоле префект на Округот Корча, на средбата беше присутен и Васил Стерјоски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

На средбата се разговара за можностите за меѓурегионалната соработка меѓу Македонија и Албанија во области како што се: економија, земјоделство, социјална здравствена услуга, туризам и култура. Заедно споделивме ставови за интензивирање на соработката, фокусирани на регионoт Корча каде живее македонското малцинство, во општина Пустец, чија македонска заедница е мост на односи и соработка со Македонија.

Претходно, во текот на денов Марковски и Стерјовски  беа во посета на Универзитетот “Фан С. Ноли” во Корча и со  раководството на оваа високообразовна институција разговараа за проширувањето и конкретизирањето на соработката на овој со универзитетите од Република Македонија.