Mакедонскиот амбасадор Марковски на работен ручек со француската амбасадорка и германскиот амбасадор во француската резиденција

Амбасадорката на Франција, Елизабет Барсак, организираше средба на која присуствуваа германскиот амбасадор Петер Зинграф и македонскиот амбасадор Данчо Марковски. Во разговорот преовладуваа темите за актуелната состојба во Украина и последиците што воениот конфликт може да ги предизвика. Барсак, чија земја претседава со Унијата и Зинграв ја истакнаа неопходноста од неодложно заокружување на процесот на интеграција на Македонија и Албанија, односно затворање на постојните „џебови“, кои во дадена ситуација може да ја нарушат европската безбедносна структура.

Марковски од своја страна информираше за непосредните интензивни активности на македонската дипломатија во градењето мерки на доверба со Бугарија, кои што треба да резултираат со симнување на ветото и започнување на нова страница во односите на двете држави. Соговорниците изразија задоволство од позиционирањето на Македонија како релевантен соговорник и активен чинител во спроведување на западните вредности, нешто што ЕУ треба да го препознае. – стои во објавата на Македонската амбасада во Тирана.