Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски се сретна со чешкиот амбасадор 

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба со новиот амбасадор на Чешката Република, во Албанија, Карел Урбан, информираа од амбасадата.

-На средбата разменети се мислења за состојбите во регионот и перспективите на земјите од Западен Балкан. Амбасадорот Марковски го информираше чешкиот колега за новиот пристап во разговорите на Македонија со Бугарија, во светло на постепено градење доверба со цел симнување на бугарското вето и организирање на првата меѓу владина конференција со ЕУ, стои во соопштението од амбасадата.

Амбасадорот Карел ја потврдил силната поддршка што чешката дипломатија ѝ ја дава на Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат.

Ова е последователна работна средба на амбасадорот Марковски, со негови колеги од повеќе земји, меѓу кои словенечкиот, швајцарскиот, хрватскиот и српскиот, како и амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Македонија.

Advertisement