Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски во работна посета на РИКО

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба во седиштето на меѓународната регионална организација, РИКО (RYCО), информираа од амбасадата.

Средбата со генералниот секретар Алберт Хани, претставник од Македонија, и одговорните лица за проектите, искористена за непосредно информирање со активностите со коишто се промовира духот на соработка и заедништво меѓу младите во регионот на Западен Балкан, стои во објавата на амбасадата.

Се додава сека амбасадата понудила активна поддршка и соработка со РИКО во реализацијата на неговата благородна мисија.

РИКО е дел од Берлинскиот процес кој започна од пред девет години како иницијатива за регионална соработка и приближување на Западниот Балкан до ЕУ. Седиштето е во Тирана а учествуват шест држави од регионот на западен Балкан, меѓу нив и Македонија.

Advertisement