Македонскиот амбасадор во Турција освари средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Македонскиот амбасадор во Анката – Турција, Звонко Муцунски вчера имал средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во седиштето на патријаршијата во Фанар. Сепак, во соопштението нема детали за што разговарале Муцунски и Вартоломеј, освен дека на средбата присуствувал и Митрополитот на Франција од Вселенската Патријаршија, Емануел.

Вселенската патријаршија на 27 Март 2019 година ја посети амбасадорот на Република Македонија во Анкара, г-дин Звонко Муцунски. Г. Муцунски кој беше придружуван од неговата сопруга госпоѓа Татјана, беше примен од страна на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, и имаа можност да разговараат за прашања од заеднички интерес. Митрополитот на Франција Емануел присуствуваше на состанокот, стои во официјалното соопштение на Вселенската патријаршија./www.religija.mk