Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе победи и го развеа македонското знаме во Белгија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе извозе одлична втора трка во Золдер, Белгија, во рамки на ЕТЦЦ-шампионатот и се радуваше на победата со која се искачи на второто место во генералниот пласман.

Стефановски во битката за првото место беше подобар од швајцарскиот Петер Рикли и возеше од самиот почеток, кога тргна од првото место, со што се награди себеси за разочарувањето во претходната трка, во која му откажа автомобилот. Третото место на трката му припадна на лидерот во генералниот пласман, Петр Фулин.

До крајот на ЕТЦЦ-шампионатот има уште една трка која се вози во Мост, Чешка. Трката за титулата е отворена, а шанса имаат да ја грабнат тројца возачи, меѓу кои е и нашиот автомобилист Игор Стефановски.

 

Advertisement