Македонскиот боксер Ице Трајкоски го нокаутираше Јорго Гонај од Албанија во Тирана (ВИДЕО)

Изминатиов викенд, во саботата, во Тирана Албанија се одржа професионална боксерска ревија во организација на Албанската боксерска федерација и Арена бокс промоција. Настанот беше насловен како “Аrena Boxing Night”, а во рамките на истиот се одржаа 6 професионални мечеви.

Во втората борба на вечерта настапи нашиот боксер, прилепчанецот Ице Трајкоски, кој се бореше против Јорго Гонај од Албанија. Ице уште на самиот почеток на рундата боксуваше смирено и задаваше контра удари, а пресуден беше задниот директ во брадата на Јорго.

Со технички нокаут во првата рунда Ице Трајкоски заслужено издвојува атрактивна победа. На овој настан судеше и нашиот судија Ѓорѓи Чатлески, а покрај него правдата ја дела и судии од Албанија, Косово и Србија. Нашиот боксер беше предводен од боксерскиот мајстор во Прилеп, Дарко Чатлески. Во продолжение погледнете го последниот удар на Трајкоски: