Соединетите американски држави уште во 1899 година го заведувале македонскиот јазик како мајчин јазик односно како јазик на кој говорат луѓето кои се пријавувале како Македонци и дека се од Македонија на пописите од почетокот на минатиот век. Ова како потврда се наоѓа во упатствата за попишувачите на американските пописи во 1911,1920 и 1930 година, каде македонскиот јазик е ставен во графата главни странски јазици кои попишувачите можеле да ги впишат во пописните обрасци.во написот пак ,,економски истраги на доселеничката комисија на САД“ од џет лак испечатено во ,,списанието за политичка економија“ том 11 број 7 од јули 1910 година, каде се претставени истрагите кои комисијата ги има направено во однос на природните и вештачките причини за доселеништвото во САД, а врз основа на методологијата која американскиот завод за доселеници ја користел во 1899 година, во Бугарија се користеле бугарскиот и македонскиот јазик, во Грција, грчкиот и македонскиот јазик додека во европскиот дел на Турција, покрај турски и македонски се користеле уште 6 јазици. До сите овие факти , дошол Драги Стојковски од Скопје кој долги години живее во Торонто, Канада и кој патриотските чувства за татковината ги канализирал во долгогодишни истражувања низ библиотеките во САД и Канада.

Трагајќи по македонското минато, Стојковски доаѓа до податоци од пописот во 1911 година, во кој се зборува за 813 луѓе кои на прашањето за држава или место на раѓање одговориле македонија а на прашањето расно или племенско потекло, одговориле македонско, исто како и на прашањето за нациоаналност.Од овие 813 луѓе 582 одговориле дека зборуваат македонски јазик 88 дека зборуваат бугарски, 44 дека зборуваат грчки 18 дека зборуваат словачки а за останатите било впишано дека одговорот е неразбирлив. Што е следно што истражува Стојковски.

Од истражувањата на стојковски уште издвојуваме дека на бродот ,,палатиа“ меѓу патниците кои од Хамбург тргнале кон пристаништето елис ајланд во њујорк на 9 декември 1899 година бил и 33 годишниот филип трпче кој се претставил дека е од Македонија со националност македонска./www.kanal5.com.mk
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden