Македонскиот јазик сега застапен од забавиште до 12 година во Нов Јужен Велс

Владата на Нов Јужен Велс, деновиве, за првпат објави наставен план и програма за македонскиот јазик. Со тоа македонскиот ќе биде застапен од забавиште до 12 година, во училиштата на оваа австралиска држава. За значењето на овие, одлични вести за македонската заедница во Австралија, го објави Жаклина Михајлова, претседателка на македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс.