На 2 октомври годинава Македонскиот клуб “Илинден” во Лаатцен-Хановер на своите членови им подели членски книшки. Во просторите на Македонска заедница во Хановер се одржа свечена седница на која претседателот на Македонскиот клуб “Илинден”, Живко Лазаров ги информира членовите за сите активности што ги превзема клубот. Присутноста на свечената седница покажа дека меѓу Македонците во Лаацен Хановер има голем интерес за семакедонско единство и акција за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ во светот!
Advertisement