Македонскиот репрезентативец во ракомет Дејан Манасков го официјализираше трансферот во Веспрем

Македонскиот репрезентативец во ракомет Дејан Манасков го официјализираше трансферот во Веспрем. Манасков во унгарскиот првак ќе се пресели по завршувањето на сезоната, а со клубот договори едногодишна соработка. Унгарскиот шампион Веспрем, во петокот, ги промовираше засилувањата за наредната сезона, меѓу кои е и левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков. Покрај Манасков Веспрем во петокот го претстави и новиот тренер за сезоната 2017/2018, Љубомир Врањеш кој доаѓа од Фленсбург.

Advertisement