Македонските друштва “Сонце” и “Илинден” на Саемот за разновидност во Тирана

Македонските друштва “Сонце” и “Илинден” учествуваа на Саемот за разновидност,  уметност, храна и дијалог во Тирана.

Македонското малцинство се претстави со три македонски традиционални јадења: пита со грав, позната како „Грашалник“ вкусно традиционално јадење што се подготвува во домовите на македонците од регионите Голо Брдо и Преспа и вкусната десерт познат како „Реванија“ се подготвува во Голо Брдо и „попарена тришка“ во Преспа. На трпезата не изостанаа ниту сушените циронки, познато и употребувано јадење на македонците во Преспа. Подготовката на рецептите беа од македонките  г-ѓа Елса Џелили, претставник на македонското друштво “Илинден”-Тирана и г-ѓа Тодорка Костофски.

Се претставивме со свој штанд со македонско јадење од областа на Голо Брдо и Преспа, како и со дел од македонски носии, ракотворби, брошури и разгледници. Како во секоја ваква активност и овој пат она што го презентиравме побуди голем интерес кај посетителите, рече за Васил Стерјовски претседател на Македонско друштво  “Сонце”.

Настанот беше во организација од “Фустанела гартен” поддржан од страна на Комитетот за националните малцинства. Во овој владин орган свои претставници имаат сите малцинства, Марјана Костофски е претставник на македонското национално малцинство.