Македонските рекламни компании се плашат дека ќе трпат последици од владата ако ја објават кампањата на ММДЧП со која бараме поништување на принудното преименување

Кога Македонското меѓународно движење за човекови права почна да објавува билборди (слика 123) со кои се бараше да се стави крај на нелегалните и предавнички обиди на Зоран Заев за насилното менување на името на Македонија, неговиот режим, поддржан на САД, веднаш нареди нивно отстранување и се закануваше со затвор и други последици за непослушност. Сепак, и покрај тоа што ја испочитуваа наредбата и ги отстранија билбордите, компаниите сепак добија високи казни, се соочија со истраги и засилени закани и заплашување. Дополнителни информации за присилната промена на името се достапни тука.

По изборите во 2024 година, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ почна да ги слуша  и продолжува да ги слуша наредбите на САД да не преземаат никакви дејствија за поништување на незаконската промена на името. Иако се работи за едноставен чин – поништување на илегален закон, со што македонското право ќе се усогласи со меѓународното право, повелбата на ОН и повеќе меѓународни конвенции за човекови права, кои беа грубо прекршени кога ни беше наметната промената на името.

Актуелната кампања на Македонското меѓународно движење за човекови права и барањето за враќање на името на Македонија се состои од објавување билборди со кои го разоткриваме одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го следи македонското и меѓународното право, но компаниите за билборди се плашат дека ќе трпат последици од владата ако ја објават нашата кампањата.

Се чини дека актуелната македонска влада прибегна кон тактиките на режимот на Заев – истите тактики кои ги осудуваа додека водеа кампања против Заев. Ваквите постапки само ќе доведат до тоа ММДЧП да продолжи да ги разоткрива оние кои ги кршат правата на Македонците, како што многу добро знае поранешниот режим на Заев. Низ Македонија се проширија плакати со барање за враќање на името на Македонија, и Македонците одбиваат да подлегнат на заканите. ММДЧП ги повикува билборд-компаниите да ја покажат истата храброст и да застанат во одбрана на нашите права, а притоа да бидат свесни дека ќе ја имаат целосната поддршка од ММДЧП доколку владата преземе казнени мерки против нив.

За да се придружите на кампањата и да помогнете во дистрибуцијата на постерите, преземете верзија со квалитет за печатење тука или тука, или контактирајте не’. Преземете онлајн верзија тука за да ја споделите на социјалните медиуми.

За да донирате на кампањата на ММДЧП за враќање на името на Македонија, кликнете тука.

Билбордот:

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125info@mhrmi.orgmhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmiinstagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија