Македонските заедници во светот повикуваат на Семакедонски протест за одбрана на името

Македонските заедници во светот повикуваат на Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! На 27 февруари 2018 година со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија. Македонските заедници во светот упатија јавен повик до сите Македонци, по род и државјанство, припадниците на сите етнички заедници во Македонија, Македонската Православна Црква, здруженијата на Македонците во Републиката и надвор од неа, до сите политички партии во Републиката, на масовно присуство на Семакедонскиот протест на 27 февруари 2018 година во 18.00 часот пред Европската Унија во организација на македонските заедници во светот.

Advertisement