Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира на претпазливост поради влошување на временските услови

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја информира јавноста дека земјата се соочува со влошување на временските услови, придружени со интензивни врнежи од дожд и снег, силни ветрови, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето.

Во оваа ситуација, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува граѓаните да покажат максимална претпазливост и да преземат потребни мерки за да избегнат ризици:

  • избегнување на непотребни движења, особено во загрозените подрачја;
  • почитување на правилата за сообраќај на патиштата и упатствата од надлежните органи;
  • внимателно следење на официјалните најави и информации од одговорните институции и структурите за итни случаи.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира на граѓанска одговорност, со цел да се минимизираат можните последици и да се заштитат животите и безбедноста на граѓаните, стои во апелот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.