
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо го поздравува одобрувањето на Комисијата за закони за предлог – законот “За заштита на националните малцинства во Република Албанија”. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо протестираа за вклучување на бугарското малцинство во законот, по заканите на Бугарија за вето на членството на Албанија во Европската унија.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо бара од пратениците да не дозволат признавање на непостоечкото бугарското малцинство во Албанија. Во Албанија, според сите пописи на населението, во текот на годините немало бугарско малцинство. Тоа не е во интерес само на македонското малцинство но исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, бидејќи утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија, што ќе биде уценувано од Бугарија – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden