
По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, областите на Голo Брдо и Гора каде живеат Македонци останаа неразвиени, а јавната администрација и службите на локалната самоуправа беа отежнати. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа.И покрај барањата на Македонската заедница во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора! Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на македонските општини го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија.
Македонското друштво “Илинден”-Тирана повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа во Република Албанија“ да земе предвид барањето на жителите на Голо Bорда и Гора за формирање на општина Голо Бро и Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми. – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden