Македонско друштво “Илинден”-Тирана дел од платформата за “Промоција на граѓанското општество” во Албанија    

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана дел од платформата за “Промоција на граѓанското општество” во Албанија. Платформата е отворена за комуникациска и интеракција на  организациите на граѓанското општество иницирана од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество, која ќе служи за промовирање на проекти и активности на граѓанското општество, како и размена на идеи преку форуми.

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество е централно јавно тело, а оперативниот буџет за исполнување на мисијата и своите цели во согласност со применливиот закон. Статутот на Агенцијата  е одобрен од страна на Владата на Република Албанија. Мисијата на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество е да се охрабрат сите организации, преку финансиска помош, одржлив развој на граѓанското општество и создавање на поволни услови за граѓански иницијативи и јавниот интерес. Линк: Македонско друштво “Илинден”-Тирана http://www.amshc.gov.al/promo/?p=887