Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана доби ИТ опрема од “Донирај компјутер“  

 

Неколку години по ред, вниманието на македонската и светската јавност го привлекува една акција наречена “Донирај компјутер“. Тоа е самоиницијативна акција од г-динот Борче Стаменов од Кавадрци, Македонија за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија, aкцијата беше започната во 2016 година. Оваа акција беше од голема полза за децата од ранливите категории во периодот кога училишните обврски се одвиваа преку интернет. Во тој период “Донирај компјутер“ и Борче Стаменов им помогнаа на десетици деца да не изостануаат од часовите поради недостаток на компјутер.

За втор пат “Донирај компјутер“ донираше ИТ опрема за потребите на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана. Со оглед на тоа што централната канцеларија на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека ова опрема е многу покорисна за генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија и за координаторот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавна благодарност до г-дин Борче Стаменов за донацијата. Во ова прилка нашето Друштво апелира до сите што можат да ја поддржат ова прекрасна самоиницијатива и да донираат компјутер.

Advertisement