Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана доби ИТ опрема од „Донирај компјутер“

Неколку години по ред, вниманието на македонската и светската јавност го привлекува една акција наречена „Донирај компјутер“. Тоа е самоиницијативна акција од г-динот Борче Стаменов од Кавадрци за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија. Акцијата беше започната во 2016 година и до сега има донирано 1240 компјутери на семејства низ цела Македонија. Оваа акција беше од голема полза за децата од ранливите категории во периодот кога училишните обврски се одвиваа преку интернет. Во тој период, „Донирај компјутер“ и Борче Стаменов им помогнаа на десетици деца да не изостануаат од часовите поради недостаток на компјутер.

За прв пат „Донирај компјутер“ донираше ИТ опрема за потребите на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана. Со оглед на тоа што централната канцеларија на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека ова опрема е многу покорисна за огранкот на Друштвото во областа Голо Брдо. „Донирај компјутер“, согласно потребите, во иднина ќе продолжи со овој тренд на донирање ИТ опрема за Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавна благодарност до г-дин Борче Стаменов за донацијата. Во ова прилка нашето Друштво апелира до сите што можат да ја поддржат ова прекрасна самоиницијатива и да донираат компјутер.

Advertisement