Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Благодарница “Илинден” и Награда “Илинден” по повод единаесетгодишнината

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод единаесетгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарницата и наградата се дава на лица за нивните особени заслуги за  ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” и Награда “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Благодарницата и наградата “Илинден” се симболи на признание што се доделуваат за работи и дела што заслужуваат признание, ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден”му се доделува на:

1.Проф.д-р Катерина ТодороскаНаучен советник во Институт за Национална Историја – Скопје, Република Македонија за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Албанија.

2.Г-дин Васил Стерјовски – Пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција во Собранието на Република Албанија и Претседател на Македонска алијанса за европска интеграција.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

1.Федералната унија на европските националности (ФУЕН) – ФУЕН е европска организација за чадори на автохтони, национални малцинства / етнички групи во Европа. ФУЕН има околу 107 организации членки од 35 европски земи. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16.05.2015 година е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

2.Г-ѓа Вера Тодоровска – Новинарка со професонално новинарство се занимава 43 години. Освен за настани од дебарско, информира и за настани во Албанија, посебно за Македонците и нивните друштва и партија. Во „Радио Дебар“, работела како како новинар и новинар уредник, потоа редовен дописник за Канал 5 телевизија, новинар-уредник во регионалната телевизија Канал 3, дописник за А1 телевизија, агенцијата Макпрес, Нома радио, Дневник и Дојче веле. Повеќе од десет години на Македонската информативна агенција, МИА.

3.Г-дин Кенан Мимидиновски Новинар со професонално новинарство се занимава 30 години. Освен за настани од дебарско, информира и за настани во Албанија, посебно за Македонците и нивните друштва и партија. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник. Бил специален дописник на МРТ од Тирана даде придонес во развојот на Македонско – Албанските односи и даде придонес во меѓуграничната соработка на Дебар и околината на Пешкопеја во повеке сфери,дописник на  МИА, Макфакс, Телма, Вечер, Време и други медиуми. Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

4.Г-дин Ламбе Шатровски – Член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана и дописник на Македонски весник “Илинден”, активист на Македонско национално малциство во Албанија.

5.М-р Андреа Алексовски – Подржувач на Македонско национално малциство во Балканот.