Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод шестнаесетгодишнината

 

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод шестнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување на животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на Македонците во Република Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

  1. Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

  1. Г-дин Љуфтим Спахиу – Вршител на должноста македонски амбасадор во Тирана, Република Албанија
  2. Народен правобранителТирана, Република Албанија
  3. Г-ѓа Елса Џелили – Kоординатор на Македонското друштво Илинден – Тирана за Округот Елбасан од 2021 и 2024 година и активист на Македонското национално малцинство во Република Албанија
  4. Г-дин Бил Николов – Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада
  5. Г-дин Ратко Лазарески- Директор на весникот Нова Македонија, Скопје, Република Македонија

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2025 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај