Македонско друштво “Илинден“-Тирана донираше во библиотеката на албанскиот парламент примероци од фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Албанија“, брошуратa на работната група на словенските малцинства при ФУЕН и весник “Илинден“ 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Библиотеката на Собранието на Република Албанија и донира изданија на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија објавени од друштвото.

По претходната донација, сега друштвото ги донира новите броеви на весникот од 57 до 60 издание, фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ на албански и на македонски јазик и брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН што за првпат се објавува и на македонски јазик, и првапат на кирилично писмо и неколку други нови изданија.

Ова е последователна донација на “Илинден“ за библиотеката. Претходно освен изданија на весникот, беа донирани и брошурите „Резолуции на Македонското друштво “Илинден“-Тирана – изгласани од ФУЕН и „Македонците во Република Албанија и Македонското друштво “Илинден“-Тирана  отпечатени на македонски, албански и англиски јазик.

Дел од досегашните донации се и примероци од  рaзгледницата со народни носии на етничките Македонци во Албанија на која се поставени 10 фотографии со Македонци облечени во народни носии, шест од Голо Брдо, две од Гора и по една од Врбник и Мала Преспа, со пригоден текст на македонски и албански јазик.

Друштвото посебна благодарност искажувам до Линдита Никола, претседателка на Собранието на Република Албанија која го прифатила барањето за донации за библотеката, и благодарност до Лидра Бушати, директорка на Службата за публикации и собраниската библиотека одличната соработка.

Advertisement