Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на Македонскиот јазик и Македнското малциство

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува најнова провокација на Бугарската влада за Македонскиот јазик и македонското малцинство. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат ставот на Бугарската влада со кој повторно се пласира една небулозна теза, дека не постои Македонски јазик и македонското малцинство. Барањето на Бугарската влада, Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство и во ЕУ наместо Македонски јазик да се користи терминот “службен јазик на Република Македонија“ е неприфатливо, геноцидно и претставува злосторството против човештвото! Македонското друштво “Илинден“-Тирана смета дека иако Советот на ЕУ донесе одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката, загрижувачко е токму правото на вето на Владата во Софија на секое поглавје од триесет и трите. Македонското друштво “Илинден“-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на Македонскиот јазик и македонското малцинство, приложени во финалниот заклучок на ЕУ што ја отсликуваат намерата на Софија и солидарноста на ЕУ во продолжението на бугарскиот наци-фашизам за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.