Македонско друштво „Илинден“-Тирана oтпечати двојазичен едукативен флаери за Ковид-19

Едукативниот материјал е отпечатен на македонски и албански јазик,со цел да биде достапен до сите граѓани. Тоа со цел подигање на свеста за заштита на нивното здравје, на нивните најблиски, соседите, пријателите. Невидливиот непријател зема замав затоа неопходно е поголема внимателност за да се спречи поголема катастрофа,- изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Друштвото упатува апел до сите Македонци и до сите граѓани во Република Албанија строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот, со почитување на мерките ќе ги спречиме сериозните здравствени ризици по вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите! Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризик вашето и здравјето на другите, стои во апелот на друштвото.

Advertisement