Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на конгресот на Федералната унија на европските националности во Берлин

Во главниот град на Сојузна Република Германија, Берлин се одржа 66 Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Дел од конгресот е и саемот на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана за трет пат со свој штанд, со производи кои Македонците во Република Албанија ги произведуваат, ајвар, ракија, вино. Македонско друштво “Илинден“-Тирана имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонскиите носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик “Илинден“.

Конгресот се организираше од четирите автохтони национални малцинства во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.

Advertisement