Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува остра осуда на бугарската пропаганда меѓу Македонците во областа Гора

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, многупати досега се заслага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Нивната самосвест е македонска, а обидите на бугарската политика да го обезличи и побугарчи ова македонско население се остваруваат со уцени и подведувања за подобрување на нивниот социјален статус и економска положба со делење на бугарски пасоши, со стипендии за студирање на младите Македонци.

Цената на тие бугарски „услуги“ се сведуваат на потпишување изјава дека Македонците се Бугари и дека и нивните предци биле Бугари. Македонците во Република Албанија никогаш не биле, ниту своеволно би биле “Бугари“! Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира Владата на Република Косово да превземат сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Косово и да не дозволи признавање на непостоечко бугарското малцинство во Република Косово.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го потсетува бугарското раководство дека македонската нација е исторски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме.  – стои во соопштението потпишана од Никола Ѓурѓај претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Advertisement