Македонско-Горанската заедница во Косово

На 08.08.2007 година косовските власти издадоа решение за регистрирање на Македонско-Горанската заедница во Косово (МГЗ) кјојашто првично беше регистрирана со решение на УМНИК (Министерство за јавни служби на Косово) бр. 5111650-0 од 25.10.2007 година.

За основни задачи на Македонско-Горанската заедница во Косово се утврдени заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет како и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Косово.

Во 2010 година Македонско-Горанската заедница во Косово со помош на Министерството за надворешни работи на Република Македонија го рализира проектот “Горанска школа за јазик и писмо“ со курсеви по Македонски јазик, наменети за припадниците на македонското национално малцинство во Гора на Косово.

По откажувањето на двајца обучувани наставници, доплнително беа ангажирани други двајца кои започнаа да ја реализираат курсната настава по Македонски јазик кон крајот на 2012 година, во с. Брод и с. Радеша. Овој проект финансиски е поддржан и во учебната 2011/12 година.

Активности на Македонско-Горанската заедница во Косово беа: (1) Фолклорниот фестивал “Горо-фест“ во с. Брод во 2009 година, (2) Турнирот во мал фудбал по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, и (3) Во 2008 година почна да се издава весникот “Гора цвет“ весник на Македонско-Горанската заедница во Косово.

Претседател на Македонско-Горанската заедница во Косово е Авнија Рахте од село Брод, општина Драгаш, областа Гора.