Македонско меѓународно движење за човекови права со меѓунродна тужба за одбрана на Македонија и Македонскиот народ

 

Претходно најавената постапка за тужење против Заев и неговите соработници конспиратори е подготвена и се спроведува, за што ние го ангажиравме најдобриот правен тим што постои за оваа работа. Доти стрит чејмбрс (Doughty Street Chambers) е дом на водечки специјалисти кои советуваат и се појавуваат како адвокати за клиенти во судови и трибунали низ целиот свет, стручни за криминални дела, граѓанско право, јавно и административно право, меѓународно право, медијација и арбитража, многу често во случаи кои потекнуваат од прашања за човечки права и граѓански слободи. Македонско меѓународно движење за човекови права(Macedonian Human Rights Movement International) ќе стори се што е можно за одбрана на Македонија и Македонскиот народ. Нема да дозволиме никому да го одземе или предаде нашиот Македонски идентитет. #OurNameIsMacedonia#НашетоИмеЕМакедонија

Advertisement