Македонското министерство за надворешни работи според тоа што е јавено од амбасадата на Македонија во Тел Авив, информира дека седум државјани на Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел.
„Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.
На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378“, соопшти министерството.
Advertisement