Македонското друштво “Илинден “-Тирана му посака успех на претседателот Бегај со верба дека ќе се заложи за подобрување на правата на Македонците

Македонското друштво “Илинден“-Тирана му посака успех во извршувањето на функцијата претседател на Албанија на Бајрам Бегај, кој синоќа и официјално ја презеде фунцијата. Дозволете ми во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана и од мое лично име да ви посакам успех на функцијата претседател на Република Албанија. Посакувајќи ви успех во извршување на функцијата, веруваме дека ќе се залагате за подобрување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакувам здравје и успех во работата, стои меѓу другото во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Advertisement