Македонското друштво “Илинден“-Тирана со задоволство обавува весникот “Илинден“ и онлајн верзија

Основните задачи на Македонско друштво “Илинден“-Тирана се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија. Македонското друштво „Илинден“-Тирана со задоволство обавува дека весникот „Илинден“ освен печатна верзија сега може да се следи и на www.vesnik-ilinden.com . На тој начин, нашиот весник го правиме достапен за сите Македонци во Република Албанија и ширум светот, како и за целокупната јавност. Вашите сугестии, критики и пофалби се добродојдени.