Македонското и другите малцинства во Албанија најавуваат декларација и бараат нов попис

Македонското и другите малцинства во Албанија ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот кај нашиот западен сосед и официјално ќе побараат спроведување на нова статистичка операција. Ова го најави претседателот на македонската партија МАЕИ.

Во декларацијата ќе бидат наведени цврсти докази дека истите се фалсификувани и чиста манипулација и истакна дека ќе ја достават до сите државни и меѓународни институции.

Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.

Се преполовил бројот на Македонци по ланскиот попис во Албанија. Според податоците на тамошниот Институт за статистика објавени денеска, како Македонци се изјасниле 2.281 или двојно помалку во споредба со пописот во 2011-та година кога биле евидентирани околу 5.500.

Advertisement