Македонското меѓународно движење за човекови права ги повикува европратениците да побараат да се стави крај на анти Македонските политики на ЕУ и НАТО

Многу европски политичари ја осудија Бугарија поради нејзините се поголеми барања насочени против Македонија, и во нив гледаат кршење на најосновните човекови права на Македонците. Бугарија бара Македонија да си ја измени својата историја и да продолжи да го редефинира македонскиот национален идентитет – а ова го условува со блокада на македонското членство во ЕУ. Воедно, Бугарија продолжува да го негира постоењето на големото македонско малцинство, кое се соочува со дискримијација, како и на Македонците во целина.

Со своите постапки, Бугарија продолжува по примерот на Грција, која ја блокираше Македонија со свои барања, и ѝ го наметна крајно навредливото име “Северна Македонија” (целта на ова име е да се негира македонскот национален идентитет, а Грција притоа да го преземе името “Македонија”) и откажување од големото, прогонувано македонско малцинство во Грција. Во замена за овие услови, Грција го крена ветото за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Веруваме дека повеќето европски пратеници и политичари воопшто не се свесни за разурнувачките последици од принудното менување на името, идентитетот и историјата врз Македонците ширум Балканот, како и за експоненцијалниот пораст на бројот на случаи на кршење на човековите права, говор на омраза и напади кои ги трпат Македонците по овие настани. Повеќе податоци ви се достапни тука.

Како што ММДЧП постојано укажува, режимот во Република Македонија задушува било какво несогласување против принудното менување на името, и наметнува атмосфера на страв користејќи ги следните тактики: апсење на дисиденти; напади со полициски специјалци кои претепуваат и апсат мирни демонстранти; отпуштање (од јавниот и од приватниот сектор) на иљадници Македонци; затворање на медиуми и изрекување затворски казни за новинари; блокирање на пристап до социјалните медиуми за поединци и гласила; забрана и криминализирање на употребата на името “Македонија”; истраги и закани против македонски граѓани врз кои се организираат физички напади и палежи; и натамошното, незаконско држење на македонски политички затвореници во притвор под ужасни услови.

Суштината на таканаречениот македонски “конфликт” е единоставна – ниту една нација нема право да именува (или пременува) и да дефинира (или редефинира) друга нација. Згора на тоа, Бугарите и Грците не ни кријат дека нивните барања од Македонија имаат за цел да се негира постоењето и прогонот на Македонците во нивните граници. И покрај јавните изјави на бугарски и грчки политичари со кои се негира постоењето на Македонците, со кои не прогласуваат за “пониска форма на луѓе”, и се слават неодамна потпишаните договори со Македонија со кои се негира правото на Македонците на самоопределување, водачите на НАТО и ЕУ и понатаму ги прогласуваат овие договори за “дипломатски успеси”.

На пример, откако Бугарија ги најави своите директни барања Македонија да прогласи дека Македонците “потекнуваат од Бугарите”, дека македонскиот јазик е “дијалект на бугарскиот јазик”, дека “нема македонско малцинство во Бугарија”, и дека Македонците мораат да си ја сменат историјата при што ќе одречат дека Бугарија била сојузник на нацистичка Германија и окупаторска сила во Македонија за време на Втората Светска Војна, и дека “не е одговорна за депортирањето на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка”, портпаролката на ЕУ Ана Писонеро се осмели да го каже следното:

“Договорот од Преспа (со Грција), заедно со Договорот за добро-соседски односи со Бугарија, се позитивен пример во регионот и пошироко. Важно е овие билатерални договори и понатаму да се спроведуваат со добра воља”.

Од една држава и еден народ не може и не смее да се очекува да “спроведуваат со добра воља” договори потпишани со нивните угнетувачи, чија цел е да се избрише нивниот етнички идентитет и правото на само-определување.

Пратеничката на Хрватскиот Парламент и поранешна евро-пратеничка Маријана Петир вели:

“Од никој не треба да се бара да прифати принудно преименување на неговата земја и редефинирање на неговиот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. Ова не се европските вредности за кои се залагаме. На Македонците мора да им се дозволи да ги користат своето име, култура, идентитет и историја. Јас стојат со Македонија и Македонците, и ги повикувам сите мои европски колеги да ми се придружат”.

Македонското меѓународно движење за човекови права и се заблагодарува на г-ѓа Петир и ги повикува сите евро-пратеници и политичари – кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права – да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја.

Advertisement