• За Нас
  • Услови за користење
  • Импресум
  • Маркетинг

Македонски весник Илинден –Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden

  • Почетна
  • Македонци – Албанија
  • Албанија
  • Македонија
  • Македонци
    • Македонци – Балкан
    • Македонци – Свет
  • Свет
  • Интервју
  • Култура
  • Спорт
  • Весник

Македонското МНР ја осуди изјавата на бугарскиот пратеник Костадинов

ноември 25, 2022

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Македонија, искажани јавно и повеќепати од страна на Бугарскиот пратеник и лидер на политичката партија ,,Преродба”

„Фактот што овие изјави се повторуваат, овој пат и во Скопје, и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање нови канцеларии на Културно-информативниот центар, како и во пресрет на бизнис-форумот меѓу Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави“, велат од МНР.

Министерството апелира до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации, кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности.

Post Views: 482
Министерството за надворешни работи 2022-11-25
Весник Илинден






















Copyright © 2017 - 2026 Македонски весник “Илинден” сите права зачувани