Македонците ќе патуваат во Украина без визи

 

Министерот за надворешни работи, на Република Македонија Никола Димитров, и амбасадорот на Украина во земјава, Наталија Задорожњук, потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји.

Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу  Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза.

Оваа спогодба се очекува да даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот. На средбата што следеше по потпишувањето на спогодбата беа потврдени традиционално добрите односи меѓу  Македонија и Украина, а стана збор и за актуелни прашања од заемен интерес, се наведува во соопштението.

Advertisement