
И покрај лошите временски услови, Македонците од село Рестелица, областа Гора покажаа солидарност и подготвеност да помогнат за санирање на дел од далноводот и со тоа да обезбедат редовно снабдување со електрична енергија на ова подрачје. Работниците на Електродистрибуција на Косово (КЕДС ), со помош на жителите од Рестелица, замениле пет далноводни столбови на местото наречено „Бегзин гроб“
„На ова место, односно на делницата на патот према Злипоток, имаше лизгање на земјата, така што далекуводот беше во опасност. Со оваа акција отстранета е опасноста за далноводот, а со тоа и за редовното снабдување со електрична енергија. Во повеќе наврати ја запознав јавноста дека е во план целосна реконструкција, односно изградба на нов бетонски далновод на трасата Драгаш – Рестелица, што ќе биде трајно решение за проблемите на честите прекини на електрична енергија со кои се соочува Рестелица, но и за другите села кои се напојуваат од овој далекувод. Им се заблагодарувам на локалното население за одзивот во мое име и во име на Општина Драгаш“, рече потпретседателот за заедници, Сериф Ага.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden