
Фото: Марин и Јоан Стратобердха, Милан Богдановски
Македонците од Горно Крчишта, во областа Полени, традиционално го одбележаа христијанскиот православен празник Вознесение Христово – Спасовден, патрон на селската црква.
Денеска се одржаа богослужби во црквите „Свети Спас“, „Свети Димитрија“ и „Свети Никола“. На чествувањето присуствуваше и делегација на Автокефалната православна црква на Албанија, предводена од отец Јован Коровеши.
Во рамките на одбележувањето беше одржана и богослужба на која присуствуваа Македонци од Ербеле и Крчишта, како и Македонци со потекло од овие села, кои денес живеат во различни градови низ Албанија и Македонија.
Верниците ја истакнаа грижата на архиепископот г.г Јоан за идната реставрација на црквата „Свети Димитрија“, гледајќи го тоа како знак на посветеност кон духовното наследство на областа. На крајот беше договорено вакви средби да се организираат почесто во текот на годината, со цел зајакнување на заедништвото и виталноста на верскиот живот.
Денес во овие села останале само неколку македонски семејства, додека поголемиот дел од Македонците се иселени. И покрај тоа што се раселени низ Албанија, тие не го забораваат своето македонско потекло и одлично го зборуваат македонскиот јазик.






















Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden