Македонците од пограничните области на македонско-албанската граница со години реагираат на крајно лошите услови за живот во зимските месеци бидејќи наврнатите снегови не се чистат до околките градови, со што се отежнува секојдневниот живот. Ваквата појава е редовна во областите Голо Брдо и Гора, а оваа година проблемот е изразен и во Преспа.
Имено, како резултат на обилните врнежи од снег, селата Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин и граничниот премин Горица што ги поврзува Македонците од Мала Преспа со татковината Македонија се без електрична енергија. Благодарение на населението и Општина Пустец, руралните патишта кон сите села се проодни. Невремето кое ја зафати Албанија отсече повеќе региони и остави без струја повеќе општини во земјата. Работни групи на ОШЕ работат да ги остранат дефектие. – стои во соопштението на Округот Корча.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
