Македонците во Словенија немаат статус на национално малцинство

Македонците во Словенија немаат статус на национално малцинство и заедно со етничките заедници на Хрватите, Србите, Бошњаците и Црногорците од поранешните југословенски простори се третирани како доселеници. Словенечкиот устав не предвидува посебна заштита на споменатите заедници (не се спомнати во уставот, туку им се гарантираат лични права и слободи. Словенија како национални малцинства ги третира „традиционалните малцинства“ или „затекнатите малцинства“. Процесот на распаѓање на СФРЈ не се прифаќа како процес во кој беа создадени „националните малцинства“.

Според пописот на населението во Словенија од 2002 година, 3.972 лица се запишани како Македонци, а 4.760 се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин јазик. Според неофицијални податоци вкупниот број на Македонци што живеат во Словенија е над 6.000 лица. Истражувањето на Еуростат, од 2010, укажува дека во Словенија живеат околу 7.400 лица по потекло од Македонија. 

Advertisement