Македонците во Стеблево областа Голо Брдо селосно блокирани од снегот (ВИДЕО)

Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо. Националниот пат Либражд – Голо Брдо е целосен блокиран, снегот продолжува во село Стеблево има околу еден метар дебелина без електрична енергија, додека областа е суспендирана во овие области. Во ова ридско-планиснко подрачје, дебелината на снежната покривка достигнува и над еден метр и патот кон граничниот премин Требиште – Џепиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија е непрооден.

Инаку, овој пат е од посебна важност, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, истите ги транспортираат до Општата болница во Дебар, поради близината, каде секогаш излегуваат во пресрет. Ништо подобра не е состојбата и во областа Гора исто така населена со Македонци.

Advertisement