Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Француското национално собрание

Центристичката коалиција на францускиот претседател Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Француското национално собрание, само два месеци откако тој беше реизбран за претседател

На крајот од вториот круг од вчерашните избори, кандидатите на Макрон освоија 245 места, пред левичарската коалиција Нупес и екстремно десничарскиот Национален митинг, кои направија историски пробив од 89 места.

Премиерката Елизабет Борн рече дека изборниот резултат „е ризик за Франција која е соочена со предизвици на национално ниво, како и на меѓународно ниво“.

Емануел Макрон сега во собранието ќе се соочи со две непријателски опозициски групи додека се обидува да спроведе важни реформи – и ќе му треба коалициски партнер за да го заврши тоа.

„Ќе треба да покажеме многу имагинација“ за да владееме, призна министерот за економија Бруно Ле Мер.

Advertisement