Седум луѓе се убиени, а повеќе од 20 се повредени, во масовно пукање вечерва во храм на Јеховини сведоци во Хамбург. Според германските медиуми напаѓачите го напуштиле местото по пукањето и се вдале во бегство.
На граѓаните што живеат во околните згради им е наредено да не ги напуштаат, а полицијата порача да се избегнува овој реон.
„Веднаш заослнете се во зградите. Во моментов е голема полициска акција. Ги истражуваме околностите околу пукањето и наскоро ќе дадеме повеќе информации. Користете телефон само во итни и екстремни случаи за да не дојде до пад на телефонскиот сообраќај“, порача полицијата. Веднаш потоа почна големата полициска акција за потрага на напаѓачите и спасување на жртвите.
Advertisement