Медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите ќе имаат признаени дипломи во земјите од Западен Балкан

Професионалните квалифации и универзитетските дипломи на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите отсега ќе бидат признаени во сите земји од Западен Балкан. Ова е резултат на договорот што го потпишаа лидерите на земјите од Западен Балкан на Самиот на Берлинскиот процес во Тирана.

Од потпишувањето на Договорот за признавање на квалификациите на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите. Овој договор, како што посочуваат од Владата, е продолжување на заложбите од последниот Самит на Берлинскиот процескога челниците од Западен Балкан потпишаа договор за признавање на дипломите на докторите, стоматолозите и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија.

Со признавањето на професионалните квалификации на овие професии, како што се наведува во владиното соопштение, се дозволува и поттикнува мобилност на стручните лица преку усогласување на вештините со потребите на пазарот на трудот. Начинот и условите кои се применуваат за признавање на квалификациите, како што се посочува, ќе бидат согласно Директивата на ЕУ.

„Договорот обезбедува повеќекратна добивка, бидејќи не само што ќе се применуваат критериумите на ЕУ во мобилноста на заедничкиот пазар, туку земјите имаат обврска да ги усогласат наставните програми за овие професии со барањата на ЕУ, преку што се обезбедува подобар квалитет и мобилност на овој кадар во рамките на Западен Балкан. Целта е да се воспостави автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука и да се примени на сите регулирани професии утврдени во Договорот и EУ Директивата“.

Во ноември минатата година, на Самитот на Берлинскиот процес кој се одржа во Берлин, лидерите на Западен Балкан потпишаа договор за меѓусебно признавање на високообразовните квалификации и признавање на професионалните квалификации на лекари, стоматолози и архитекти. Освен овој, беше потпишан и договорот со кој на граѓаните им се овозможува движење само со лична карта во земјите од Западен Балкан. Овие договори официјално стапија во сила од јуни годинава.

 

Advertisement