Меѓународен проект помеѓу хрватските и македонските училишта

Меѓународен проект на Загребската жупанија, во која се вклучени четири школи од Хрватска како и хрватски здруженија и школи од  Македонија, ќе се одржи од 02. до 05.мај 2019 година. Со овој меѓународен проект предвидена е соработка помеѓу хрватските и македоските институции.

Во текот на четиридневната средба ќе се одржат ликовни работилници на различни места во Македонија за учениците од двете држави, а ќе ги водат учители вработени во четирите училишта кои што ја воспоставија оваа меѓународна соработка.

Покрај ликовните работилници, учениците од Хрватска подготвуваат неколку сценски настапи со кои ќе настап во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје на 04.05.2019 година со почеток во 19 часот на вечерта посветена на промоцијата на хрватската книжевност и култура,  наменети за целокупната македонска јавност.

На промоцијата ќе бидат присатни претставници од амбасадата на Република Хрватска во Македонија, директорите на четирите училишта од Хрватска и Македонија и други претставници од државните институции од Македонија. Со помагањето на оваа меѓународна соработка се поттикнува поврзувањето на учениците од Хрватска со учениците припадници на хрватското малцинство во Македонија, но и со македонските ученици што несомнено ќе придонесе за развивање на научните, културните, економските и другите врски на општеството во целина.

Ова е придонес на јакнење на културниот дијалог, почитување на другите и поинаквите, но и претпоставка дека заедничката цел е заснована на соработка, заедничка работа и меѓусебно почитување – истакна Ведран Искра, долгогодишен учител на хрватскиот јазик во Македонија кој што е заслужен за воспоставената соработка со Јавната установа Доот за култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Во организацијата на овие средби учествуваат Загребската жупанија, Амбасадата на Република Хрватска во Македонија, здруженија и заедницата на Македонците во Хрватска и заедницата на Хрватите во Македонија.

Advertisement