Меркел пречекана со највисоки почести во Тирана (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама ја пречека со највисоки државни почести. По вчерашната посета на Белград, во рамки на својата последна посета на регионот како канцеларка, Меркел денеска во Тирана ќе има средби со лидерите од земјите на Западен Балкан.

Посетата на Меркел на регионот се смета за нов поттик за Берлинскиот процес, иницијатива силно поддржана од германската канцеларка, која почна во 2014 година и има за цел зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, во областа на економијата, транспортот и енергетиката.

Advertisement