Меркел: Срамно е што полицијата мора да ги штити еврејските институции во Германија

На Денот на сеќавањето на Холокаустот Ангела Меркел зборуваше за оживеаниот антисемитизам во Германија. Според неа, вистински срам е што во денешна Германија државата мора да ги штити еврејските згради. Како никогаш досега неопходно е да се посетиме на милионите жртви на Холокаустот бидејќи антисемитизмот, расизмот и омразата кон другиот се денес поактуелни од порано, рече Меркел. Незамисливо е и срамно е што ниту една еврејска институција не може да постои без полициска заштита и тоа е така во училишта, градинки или синагоги, вели Меркел. Таа повтори дека во новата влада ќе има нова функција на комесар за антисемитизам. Доколку нејзината партија и социјал-демократите успеат да постигнат договор за владина коалиција. Германските власти се загрижени поради растечкиот антисемитизам во земјата што го шират круговите на екстремната десница.

Advertisement