Меркел: Светскиот поредок се распаѓа, мора да ја спасиме Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека мулилатералниот светски поредок се распаѓа, но и дека тоа не значи дека треба да се уништи.

Kако што пренесува „Хина“ Меркел ја критикувала националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мора да се бориме за Европа, мора да се бориме за мулилатерализмот , против оние кои мислат дека се можат само“, изјавила Меркел на минхенската безбедносна конференција.

Официјален Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД под раководство на претседателот Трамп од неколку меѓународни договори, вклучувајќи го и Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година. Ретко кога во историјата САД и Германија имале толку многу несогласувања.

Advertisement