Мета не го потпиша Буџетот за 2022

Претседателот Илир Мета не го потпиша Буџетот за 2022 година. Според него Буџетот е антисоцијален, и не дава никаква дополнителна економска помош за 258.840 граѓани кои живеат со 0,7 долари на ден, 440.579 пензионери во градовите кои живеат со 4,8 долари на ден и 103.626 пензионери во селата живеат со 2,8 долари на ден. Па затоа Мета го врати Буџетот во Собранието на повторно разгледување.

Според аргументите на претседателот на државата, 71 отсто од вработените во администрацијата не добиваат ниту минимално зголемување на платата.На крајот на октомври албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2022 година во висина од 5,2 милиони евра, во кој се предвидува економски раст од 4,1 отсто и дефицит од околу 800 милиони евра.

Со буџетот, кого, Владата го опиша како буџет за закрепнување, меѓу другото се предвидува зголемување на платите на просветните и здравствените работници за шест проценти, на припадниците на Националната гарда за седум отсто, за припадниците на вооружените сили 30 проценти.Минималната плата планирано е да се зголеми на 32.000 леки (262 евра), додека за пензиите ќе има само вредносен индекс на инфлацијата, а сите пензионери на крајот на годината ќе добијат бонус во износ од по 5.000 лека (40) евра.

Advertisement