Мета потпиша уредбата со која Бледи Чучи станува нов министер за внатрешни работи

Претседателот Илир Мета ја потпиша уредбата, со која, по предлог на премиерот Еди Рама, нов министер за внатрешни работи е Бледи Чучи додека за земјоделство и рурален развој, Милва Економи. Оваа промена на владата дојде по оставката на Сандер Лешај од функцијата министер за внатрешни работи по убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од страна на полициски специјалец,што предизвика насилни протести во Тирана и други градови во земјата. Во текот на седумгодшното владеење на социјалистите, Бледи Чучи е четврт прв полицаец, по Саимир Тахири, Фатмир Џафај и Сандер Лешај.

Со овие два нови предлози, премиерот Еди Рама внимаваше да избегне нов судир со претседателот Илир Мета, кој го одложи назначувањето на Сандер Лешај,кој мораше да се откаже од армискиот чин па да биде декретиран за министер а го отфрли предлогот на Рама за Гент Цакај, па премиерот мораше лично да ја превземе и оваа функција а Цакај да го назначи како овластен министер за Европа и надворешни работи. Педест годишниот Чучи дипломирал на правниот факултет во Тирана а магистерски струдии завршил на Универзитет во Белгија.

Бил на повеќе високи функции на државно и локално ниво, во периодот 2013/2017 година беше државен министер за локална самоуправа и национален координатор против корупција, бил пратеник а од јануари 2019 година е министер за земјоделство и рурален развој. Милва Економи (58), која доаѓа на местото на Чучи, моментно е претседателка на парламентарната комсија за економија, била министер за економија,заменик министер за здратсво а од 1994 до 2005 годинаја обавувала функцијата директор на Институтот за статистика на Албанија.